Renault му се налути на Fiat – го раскина договорот за заедничко производство на комерцијални возила

ОБЈАВЕНО НА:

Renault донесе одлука да ја прекине соработката со FCA Automobili во однос на производството на комерцијални возила.

Оваа одлука ја потврди Клотилд Делбо, а следи откако PSA го достави писмото за спојување со FCA.

Соработката помеѓу Renault и Fiat беше воспоставена кога први луѓе на двата производители беа Гон и Маркијоне и според истата Renault во својата фабрика во Сандовил, на северот на Франција, го произведуваше и моделот Talento на Fiat што всушност беше ребрендирана верзија на Renault Traffic, Opel Vivaro и Nissan NV300.

Оваа одлука беше и очекувана. Сега се очекува возилата на Fiat Professional да се произведуваат од страна на Peugeot и да бидат всушност ребрендирани како оние на Peugeot, Toyota и Citroen кој во моментов се произведуваат во Севелнорд во Франција.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK