Renault Master славеше на церемонијата на доделувањето на „Меѓународното комбе на годината“ за 2025 година, одржано на 16 септември на Меѓународниот саем за мобилност, транспорт и логистика во Хановер.
Жирито составено од експерти од 25 европски земји едногласно му ја додели таа титула.
„Жирито го освои неговиот целосно нов дизајн, иновации и технологии на високо ниво, специјално дизајнирани за понудата на новиот модел, меѓу кои се издвојуваат напредните аеродинамички својства и поголема употребливост, ефикасност, просторност, безбедност и удобност. Дополнителни гласови обезбеди новата модуларна платформа, погодна за инсталирање на дизел мотор, електричен мотор и водороден погон. Новиот Master успешно ги исполни критериумите од наградната програма и покажа дека е подготвен за се што носи иднината. Честитки до одделот за LCV на Renault за ова заслужено достигнување!, изјави Џарлат Свини, претседател на жирито.
Новиот Renault Master е петтото комбе на марката што ја освои оваа престижна титула. Пред него успеаја Renault Master од втората генерација (1998), Renault Trafic од втората генерација (2002), Kangoo Z.E (2012) и Kangoo Van од третата генерација (2022).
Наградата за комбе на годината е второ достигнување на брендот оваа година, бидејќи Scenic E-Tech electric ја освои титулата „Автомобил на годината“ во февруари годинава!
Има уште повеќе причини за славење ако се земе предвид фактот дека поминаа 27 години откако Renault последен пат освои две награди по ред, првата генерација на Scenic и втората генерација на Master!