Со купувањето на Dacia, Renault Group успеа да се стекне со нискобуџетен бренд кој за кратко стана доста популарен во економски помалкуразвиените земји. Овој бренд стана доста популарен во Источна Европа, но Renault преку него пласираше доста конкурентни возила во Северна Африка и Јужна Америка.
Влијанието што Dacia го има врз политиката на Renault е најочигледно во Јужна Америка. Во понудата на францускиот производител во Бразил и Аргентина, пред сé, шест од вкупно осум возила се ребрендирани Dacia модели.
Така во овие земји нема да ги сретнете моделите Megane, Talisman, Kadjar и Clio, но затоа тука се Renault Sandero, Renault STepway, Renault R.S., Renault Logan, Renault Duster и Renault Duster Oroch. Исклучок се моделите Kwid и Captur кој се дел од понудата, а произлегуваат директно од семејството на Renault.
Во Аргетина доминацијата на Dacia моделите е намалена бидејќи во оваа земја Renault ги нуди изворните Kangoo и Koleos.
Така не треба да ви биде ништо чудно ако се сретнете со фактот дека Renault повеќе го продава Sandero отколку што Dacia тоа го прави на европско тло.