Рекорд на македонската полиција: Фатија возач што „летал“ со брзина од 234 км/ч. (Фото)

ОБЈАВЕНО НА:

И покрај зачестените контроли на полицијата на патиштата што трае со месеци, возачите продолжуваат со лошите навики. Денеска, недела 20 јуни полицијата „фати“ неколкумина возачи што бразале и ги управувале автомобилите со над 200 км/ч. Во билтените на МВР нема точни податоци за брзината, но фотографиите од радарите откриваат дека највисоката брзина со која управувал еден автомобил е 243 км/ч.

Акцијата на полицијата траела од од 14 до 20 часот и Мобилната единица за безбедност во сообраќајот спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на автопатот Скопје-Велес и скопската обиколница, при што санкционирани се 66 возачи. Од нив 62 возачи возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната, а 17 за дури над 70 километри на час над дозволената.

Во истиот период на подрачјето на СВР Куманово санкционирани се 53 возачи. На подрачјето на СВР Тетово санкционирани се 63 возачи, од кои 39 на територија на Тетово, а 24 на територија на Гостивар.
Од нив 52 возачи возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната, а осум за дури над 70 километри на час над дозволената.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK