Реинкарнација на Lancia 037 (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Lancia 037 беше најпопуларниот рели автомобил минатиот милениум. Доказ за тоа се бројните титули освоени на најразлични авто-рели шампионати ширум светот, вклучувајќи го и WRC натпреварувањето.

Овој рели автомобил беше претставен на почетокот на 80-те години, а дизајнер на истиот беше Пининфарина. Должината на овој автомобил изнесува 3.915 мм, ширината 1.850 мм, висината 1.245 мм додека пак меѓуоскиното растојание 2.445 мм, а под хаубата располага со 2,0 литарски бензински мотор кој продуцира 205 КС.

По повеќе од 40 години, овој автомобил доживува реинкарнација благодарение на Kimera. Kimera Automobili, како што е целосното име на италијанскиот производител лоциран во близина на Кунео (јужно од Торино), го најави моделот EV037 кој технолошки и визуелно е наследник на Lancia 037.

За тоа да биде така, инжинерот Клаудио Ломбарди го модернизираше 2,0 литарскиот четирицилиндрен мотор кој сега продуцира максимални 550 КС. Тука е и турбо полначот и електричниот компресор. Тежината изнесува 950 кг, а погонот е на задните тркала. Премиерата ќе се случи на 22 мај, а ќе бидат произведени вкупно 37 примероци кои ќе се продаваат по единечна цена од 430 илјади фунти.

Повеќе за овој модел е објавено на официјалната интернет страница на овој производител која може да ја погледнете ТУКА.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK