Речиси 400.000 Германци покренаа колективна тужба против VW

ОБЈАВЕНО НА:

Речиси 400 илјади Германци се приклучија на колективна тужба против германскиот производител Volkswagen.

Овие сопственици се чувствуваат измамено откако на површина излезе т.н. “Дизелгејт” скандалот во кој беше откриен сосфтверот што Volkswagen Групацијата го вградувала во автомобилите кои ги произведувале со цел да прикаже намалени издувни гасови.

Оваа бројка од 372.000 ја соопшти портпаролката на германското Министерство за правосудство која додаде дека овој спор пред германските судови е покренат на 1. ноември 2018 година во градот Брунсвик од страна на здружението на германски потрошувачи.

Сепак оваа бројка се драстично да се зголеми особено ако се знае дека оштетените ќе може да се приклучат на колективната тужба се до моментот на одржување на првото рочиште закажано за втората половина годинава.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK