Сите возачи кои секојдневно го користат автомобилот особено ако со него одат на работа, често се наоѓаат во сообраќај во најфреквентниот период, а тоа главно е фрустрирачки.
Секој забележува во својата сообраќајна околина некои работи кои му пречат, а возачите кои ги прават тие работи главно се појавуваат насекаде околу нас „на дневна база“, а често се чини како со секој ден ги има сè повеќе и се поставува прашање: До каде така?
Во денешно време речиси сигурно може да се каже дека еден од најголемите виновници за лошото и деконцентрирано возење е мобилниот телефон. Додека чекаат во колона, речиси сите „чепкаат“ по телефонот па така продолжуваат до следниот семафор, а концентрацијата и интересот за светот надвор од сопствениот автомобил драстично опаѓа.
Таквите возачи сакаат и да „заспијат“ пред семафорот и кога се први во колона, па без сирена и „надворешно предупредување“ не ја регистрираат „сообраќајната сигнализација3. Додека погледите и мислите им патуваат низ социјалните мрежи што е поопасно од телефонирање, се изложуваат себеси и другите на голема опаснсот. Употребата на смартфоните за возење на тој начин е забранета со причина. Треба да се исклучи телефонот, да се уклучи мозокот!
Возачите мораат да бидат свесни за драстичните последици низ кои минуваат во возењето на кои не се потполно концентрирани, а не само на евентуалните парични казни кои можат да им се случат.
Иако речиси сите возачи самите себеси се сметаат за добри и примерни, па дури и натпросечно добри, што покажаа и разни анкети ситуацијата во реалноста е потеполно поинаква.
Поголемиот дел од возачите се фокусирани само на себе или не е фокусирана на возење и сообраќај. Затоа се занемаруваат другите учесници во сообраќајот, дел несвесно, дел намерно, дел од незнаење или преголема леснотија, чиста свесност, па дури и себичност. Сите барем неколкупати се имаат најдено во ситуација кога се обиделе да се претстојат во друга сообраќајна трака, но автомобилот кој треба да биде преминат нагло почнува да забрзува.
Или кога возите по автопат во левата сообраќајна летна пред вас наизува возило поради кое мора да се кочи, а пред него нема никого. Возачот ве забележува, но не забрзува, не успорува, не ве „доживува“. Сите негови сетила за светот надвор од сопствениот автомобил се исклучени и патува во левата лента со брзина која главно е помала од ограничената.
Свеста, културата и навиките во сообраќајот се фактори на кои треба да се поработи индивидуално за да можете да станете подобри и совесни возачи. Така ќе се овозможи подобар и побрз проток на сообраќај, а опасноста од можни несреќи ќе биде сведен на минимум.