PSA не сака помош од државата – се плаши дека нема да успее спојувањето со FCA

ОБЈАВЕНО НА:

И додека сите производители на автомобили отворено побараа помош од националните Влади, но и Европската Унија, PSA Групацијата е првата која одби да побара помош.

Најголемиот француски производител не ги следи чекорите на конкурентот Renault. “Сакаме да бидеме компанија која ќе биде што е можно повеќе независна” изјави финансискиот директор на Групацијата, Филип де Ровира.

Наместо помош од Државата, овој производител се одлучи да се задолжи кај финансиските институции, но и да не ја исплати дивидендата за минатата година.

Најголема причина за овој чекор се чини е ризикот од пропаѓање на спојувањето со FCA. Евентуална државна помош ќе значи и отстапка на дел од сопственоста на компанијата на Владата на Франција што сериозно може да го комплицира спојувањето со FCA – особено ако државата побара место во одборот на директори.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK