PSA ќе ја освојува Индија со нискобуџетни модели

ОБЈАВЕНО НА:

По Кина, Индија е најголемиот пазар на автомобили во Азија и еден од најголемите во светот. Континуираниот раст е причината зошто се повеќе европски производители се решаваат за експанзија на своите активности во оваа земја.

PSA Групацијата е последната која во наредниот период ќе се прошири на овој пазар. Станува збор за брендот Citroen кој не подоцна од 2021 година ќе започне со продажбата на автомобили во Индија.

Според планот кој го потврди и Линда Џексон, Citroen во Индија ќе произведува нискобуџетни автомобили. Нискобуџетните автомобили се вистински хит во оваа земја, а нивната цена се движи од 7 до 11 илјади евра. Токму поради специфичноста на пазарот многу брендови меѓу кои и Honda и Toyota на овој пазар нудат седански модели по цена од 10 илјади евра.

Со цел да оствари ценовна предност, Citroen во Индија ќе отвори две фабрики за производство на составни делови, а исто така со компанијата CK Birla Group ќе произведува и автомобили.

Иако нема дополнителни информации колу моделите, сепак повеќе од сигурно е дека на овој пазар ќе бидат понудени модифицирани модели.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK