Трендот на SUV возила го зафати и британскиот производител Aston Martin. Така наскоро под беџот на овој производител ќе го видиме моделот DBX.
Првите фотографии се веќе објавени од страна на овој производител. Од маскираните прикази може да се види дека на предниот дел доминира добро познатата маска за ладилникот кој е во вообичаена форма како и кај останатите автомобили. LED светлата се идентични како и кај останатите спортски модели.
“DBX е многу повеќе од само обичен SUV” изјави првиот човек на компаниајта, Енди Палмер за овој модел и при тоа додаде дека со овој модел Aston Martin започнува нова ера во богатата и долга историја на брендот.
Производството на овој модел ќе се извршува во новата фабрика во Ст. Етан, а продажбата ќе започне следната година. Со овој спортски акрактер, Aston Martin ќе го нападне премиум SUV сегментот особено Lamborghini Urus и Porsche Cayenne.