Првиот модел на Toyota Supra оди на аукција на 19 јануари

ОБЈАВЕНО НА:

Саемот во Детроит закажан за јануари годинава е местото каде јапонскиот производител премиерно ќе го претстави спортскиот модел Supra. Тоа ќе биде продукцискат изведбa.

За време на саемот кој започнува на 13 јануари и ќе трае се до 28 јануари, јапонскиот производител преку аукција ќе го продаде првиот автомобил од новата генерација на Supra.

На аукцијата закажана во Скотсдел во Аризона, ќе биде сепак претставен прототип поради фактот што производството сеуште не е започнато, а лицето кое ќе понуди највисока цена ќе мора да почека до производството на првиот автомобил. Тој при тоа ќе го добие автомобилот со сериски број VIN 20201.

Што се однесува до самиот модел, овој е развиен во соработка со BMW и може да се пофали со 50/50 дистрибуција на тежината и значително помала тежина. Иако нема точни информации, се очекува во продажба да се појави во втората половина од следната година, а почетната цена се очекува да изнесува 60 илјади американски долари.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK