Актуелниот македонски првак во Twingo Cup, Давид Малинковски ја оствари првата победа сезонава, со триумф на втората трка на Хунгароринг. Со вториот подиум денеска (второ место на првата трка), Малинковски е лидер во генерален пласман на македонското првенство на Twingo Cup. На пиедесталот второто место во првенството на Македонија го освои Марко Блажевски кој извозе одлична трка и од последното 31 место на крајот стигна до Топ-10 во генерален пасман. Третото место го освои Зоран Мираковски кој во генерален пласман беше на 13 место.
Трката ја одбележа влегувањето на безбедносното возило кое од седмиот круг па до самиот крај беше на патеката додека се расчисти местото каде излетаа Владимир Трeнески и Антон Јус. Токму под возење на безбедносното возило заврши трката на која победи Матеј Ивануша од Словенија, пред сонародникот Ник Стефанчич и Михајло Младеновиќ од Србија.
Малинковски уште на самиот почеток зграби две места плус и од деветтото се искачи на седмото место, веднаш пред Владимир Тренески Македонската двојка се држеше доста кругови н асвоуте места, па и напредуваа. Малинковски стигна до петото место, а во еден момент беше и на третото место. Тренески го задржа и добро го чуваше своето деветто место.
Малинковски имаше борба со Миха Фабијан, но токму пред да влезе безбедносното возило ја загуби позицијата и падна на петтото место. Давид Малинковски повторно ги покажа своите возачки способности, и сигурно ќе се бореше и за подиум во генерален пласман.
View this post on Instagram
Марко Блажевски имаше одличен старт и веќе по првиот круг „скокна“ 14 места и беше на 17 место во конкуренција на 31 возач колку што стартуваа. Од круг во груг, Блажевски напредуваше и минуваше ривалски возила, и во шестиот круг беше веќе во Топ-10 на трката пред безбедносното возило да излезе на патеката.
Победникот на првата трка Владимир Тренески пет кругови беше во Топ-10, а потоа имаше мала незгода и падна на 23 место. Но проблемите продолжија и потоа заедно со Словенецот Антон Јус се најдоа крај патеката и за двајцата заврши трката, а Тренески остана без подиум на кој сигурно се надеваше, а и споре двозењето требаше да го освои.
Подиумот на македонските возачи за домашното првенство го дополни Зоран Мираковски (13 место во генерален пласман) кој беше третопласиран, пред Ангелче Стојковски (15 место), Стободан Трајковски (16), Борис Стојменов (22) и Мурис Хамзиќ (29 место)