Креативноста нема граници. Тоа можеме да го видиме насекаде околу нас, а бројни примери за тоа има во автомобилската индустрија.
Досега тоа сме можеле да го виидме преку најразличните убави и не толку убави модификации на автомобили направени од сопствениците на истите кои потоа неретко завршувале и на автомобилската берза.
Последниот во низата примери доаѓа од Нотингем, Велика Британија, каде непознато лице, најверојатно по потекло од Бугарија (судејќи по налепницата на задниот дел) успеал да модифицира Mercedes ML со тоа што додал уште една задница со две тркала и направил продолжен пика-ап автомобил.
Сопственикот, овој 6×6 автомобил веднаш го огласил на eBay каде за почетна цена ја навел 19,995 британски фунти или околу 22,640 евра.
Во огласот е наведено дека овој автомобил има поминато 225,000 км, а доаѓа со оригинална AMG опрема и шест 18 инчни тркала. Дополнително, огласувачот наведува дека истиот е без проблеми и веднаш може да се користи.