Прослава: Една година Opel дел од семејството на PSA

ОБЈАВЕНО НА:

Со видео објавено на официјалниот YouTube канал, Opel ја одбележа годишнината како дел од големото семејство на PSA. Точно пред 12 месеци француската мултинационална компанија успеа да го купи Opel од General Motors.

Со оваа аквизација, PSA прераса во втор најголем производител, а за успешно интегрирање на Opel во PSA, беа потрошени 1.7 милијарди евра.

Со новиот план за враќање на профитабилните патеки, се изврши целосна реорганизација во Opel при што значително се намалија како фиксните така и варијабилните трошоци.

Акцентот, изминатиот период беше поставен на SUV понудата на Opel која забележа одлични продажни перформанси, а благодарение токму на продажбата Opel оствари профит од 502 милиони евра.

 

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK