Пронајдоа уникатна Mazda од „24 часа Леман” (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Mazda RX-7 254i која била сметана за загубена е пронајдена сосема случајно на северот на Јапонија. Оваа информација е соопштена од страна на Japanese Nostalgic Car.

Се работи за автентичен автомобил,  со кој се натпреварувале на 24 часа Леман во 1984 година. Автентичноста е потврдена и од страна тогашниот технички директор на Mazdaspeed, Тачимото.

Натпреварувачката Mazda последен пат била видена во 1984 година на маратонот „1000 километри на Фуџи“.

Од овој автомобил се произведени само два примероци, а едниот од нив е уништен на истата патека.

Од компанијата веќе е побарана реставрација на возилото за да можат да го пуштат одново на трки.

Ремонтот на каросеријата од композитни материјали е дело на компанијата Powercraft, додека роторниот мотор ќе биде изработен од тјунинг ателјето RE Amemiya.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK