Претставувањето на новата, четврта генерација на успешниот мал автомобил на Skoda, моделот Fabia ќе биде на 4 мај. Центарот за современа уметност ДОКС во Прага ќе послужи како спектакуларна позадина за целата дигитална светска премиера.
Популарниот мал автомобил ги комбинира сите вредности на брендот Skoda Auto под мотото „Сè што ви треба – и малку повеќе“. Може да се пофали со убедлив сооднос цена-перформанси, извонредна безбедност и високо ниво на удобност и квалитет на градење.
Со својот уште подинамичен и емотивен дизајн, Skoda Fabia ги има сите предуслови да ја продолжи успешната приказна на серијата модели. Форматот на дигитална презентација им овозможува на гледачите да ја обиколат претставата како да се на вистинска изложба; тие можат слободно да се движат низ виртуелниот павилјон и да ги разгледуваат експонатите.
За време на нивната турнеја, гостите можат да се сретнат со членовите на Управниот одбор на Skoda AUTO, вклучувајќи го и претседателот на Управниот одбор Томас Шофер и Мартин Јан, член на Управниот одбор за продажба и маркетинг, како и експерти од дизајнерскиот тим на Skoda предводен од Оливер Стефани. За да ги направат овие средби што е можно пореални, претставниците на Skoda имаат креирано аватар.
Тридимензионален модел на DOX беше создаден за виртуелниот павилјон да ја постави светската премиера на новата Skoda FABIA. Ова им дава на посетителите впечаток дека се на настан во живо. Следните денови ќе следат и повеќе детали за моделот пред неговата промоција.