Промоција е утре: E-Class Coupe и Cabriolet добиваат гласовен асистент

ОБЈАВЕНО НА:

Од компанијата Mercedes објавија дека на 27 мај ќе се случи премиерата во виртуелна околина на Mercedes-Benz E-Class Coupe и Cabriolet, а автомобилите ќе бидaт презентирани и во нивните Mercedes-AMG модификации.

Во моментов, од компанијата не објавуваат технички детали за двата автомобили, но откриваат интересни детали за новата генрација на борд MBUX (Mercedes-Benz User Experience) инфо-комуникацискиот и мултимедиски систем, кој ќе може да се најде на бордот на E-Class Coupe и Cabriolet.

За приврзаниците на големите рамни екрани во автомобилскиот ентериер, E-Class Coupe и Cabriolet ќе бидат вистинско задоволство за очите со своите два 12.3-инчни дисплеи, обединети поед една стаклена обвивка.

Идните сопственици на двата нови пазарни понуди на Mercedes ќе можат да сметаат на помошта на помошниот гласовен асистент, кој ќе се активира при изрекувањето на фразата Hеy Mercedes. Тој ќе биде во состојба да предложи информација за тековната клима, да ја регулира работата на климатизацијата, да го активира греењето на седиштата и да отчитува резултати од различни спортски објекти.

Mercedes-AMG модификациите на E-Class Coupe и Cabriolet- Mercedes-AMG E 53 Coupe и Cabriolet, ќе се одликуваат со тематска имплементација на интерфејсот на борд системот бидејќи возачот има избор меѓу три основни графики, а едниот од нив ќе го носи името Supersport.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK