Тајванската компанија Foxconn Technology Group, која е партнер на Apple и ги склопува телефоните iPhone, го искористи Tech Day настанот и претстави 3 електрични автомобили одеднаш. Именувани се како Model C, Model E и Model T. Се работи за кросовер, седан и автобус.
Тие се развиени и произведени со помош на Foxtron и тајванскиот производител на автомобили Yulon Motor, користејќи универзална платформа. Тоа ќе биде основа на други електрични автомобили, кои во моментов ги развиваат компаниите учеснички во проектот.
Уште во 2019 година, Foxconn (исто така познат како Hon Hai Precision Industry) ја објави својата намера да влезе на пазарот на електрични автомобили, а една година подоцна ја претстави својата модуларна MIH платформа.
Овозможува создавање електрични автомобили од различни класи со меѓуоскино растојание од 2750 до 3100 мм, со еден или два мотори (моќност до 272 КС на предната оска и до 462 КС одзади). Платформата предвидува преност на силата на задната оска или на сите четири тркала, како и употреба на батерии со капацитет до 116 kWh.
Токму оваа платформа веројатно ќе ја користи главниот партнер на Foxconn – американскиот технолошки гигант Apple, кој, според гласините, ќе лансира сопствен автомобил во 2025 година. Foxconn во моментов е главниот производител на iPhone.
Foxcon претстави 3 електрични возила
Model C е кросовер со средна големина. должината е 4640 мм., а има меѓуоскино растојание од 2860 мм. Достапен е со 2 дополнителни седишта за да може да собере 7 лица, и погонска единица составена од два електромотори – по еден на секоја оска. Нивната вкупна моќност е 408 КС. и 700 Nm, забрзувајќи од 0 до 100 km / h за 3,8 секунди. Според најавите со едно полнење ќе се минува до 700 километри, а цената на кросоверот започнува од 1 милион тајвански долари (околу 28.000 евра).
Седанот Model E е најбрз од трите модели, а неговиот дизајн е дело на италијанското студио Pininfarina. Должината на електричниот автомобил е 5100 mm, а меѓуоскиното растојание – 3100 mm. Погонот е направен со два електрични мотори, развивајќи вкупно 748 КС. Забрзувањето од 0 до 100 км / ч. е за 2,8 секунди, а седанот е на ниво на Porsche 911 Turbo и McLaren 765LT Spider. Со едно полнење ќе се минуваат до 750 километри.
За возврат, електричниот автобус Model T поминува 400 километри со едно полнење, а Foxcnn не откри други детали за тоа.