Продажбата во Италија скокна за неверојатни 497%

ОБЈАВЕНО НА:

Неверојатен пораст на продажбата на нови автомобили минатиот месец е забележан во Италија. АНСА ги објави официјалните податоци според кои во март годинава споредбено со истиот месец минатата година е остварен пораст од 497%.

Во апсолутни бројки, во третиот месец годинава се продадени 169.684 автомобили на Апенините. Големиот процент е забележан благодарение на тоа што во март минатата година Италија беше целосно во карантин, а на целата територија беше прогласена вонредна состојба.

Најдобар приказ за горенаведеното имаме ако се спореде минатиот месец со март 2019 година. Во тој случај остварен е пад од 12,7%.

Најголем процентуален пораст има остварено Stellantis и тоа од 742,7% испорачувајќи 68.222 автомобили. Најголем дел од оваа продажба отпаѓа на Fiat, а значително учество имаат Citroen, Peugeot и Jeep.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK