Здружението на производители на автомобили во Европа (ACEA) објави раст во бизнисот на новите патнички автомобили од 5.6% на 865.047 единици во август што е најдоброто достигнување за август во изминатите 10 години.
Ново регистрираните возила од почетокот на годината се искачија на повеќе од 10 милиони единици или 4,5% повеќе во однос на истиот период минатата година.
Во август, растот на новите регистрации е забележан кај четири од првите пет европски пазари – Италија (+ 15.8%), Шпанија (+ 13.0%), Франција (+ 9.4%) и Германија (+ 3.5% намалување од 6,4%.
Слично на тоа, состојбата на главните европски пазари е иста како и во првите осум месеци од годината – Италија (+ 9.1%), Шпанија (+ 6.9%), Франција (+ 4.2%), Германија (+ 2.9% ).