Продажбата на нови возила во Германија забележа пад од 61%

ОБЈАВЕНО НА:

Ниту најголемиот пазар на нови автомобили во Европа не остана имун на кризата предизвикана од коронавирусот – во април е забележан огромен пад.

Како што пренесуваат германските медиуми, во април годинава споредбено со април минатата година забележан е пад на продажбата за 61% продавајќи при тоа 120.840 нови возила.

Tesla e единствениот производител кој забележа пораст на продажбата, додека сите останати остварија негативен резултат. Американскиот производител испорача 635 нови автомобили што е пораст за 10% споредбено со минатата година. Од друга страна, Opel оствари пад од 73%, Mercedes од 71%, Volkswagen за 64% додека пак BMW забележа пад на продажбата од 50%.

Значителен пад во април е забележан и во другите земји. Така во Франција продажбата се намали за 72%, во Италија за 98% додека во Велика Британија продадени се само 4.321 ново возила што претставува пад од 97,3% во споредба со април минатата година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK