Продажбата на нови автомобили во Кина во слободен пад

ОБЈАВЕНО НА:

Продажбата на нови автомобили во Кина и натаму е во пад продолжувајќи го трендот седум месеци по ред.

Според податоците објавени од страна на Здружението на производители на автомобили на Кина (CAAM), во јануари годинава продажбата на нови автомобили е намалена за 15,8% во споредба со истиот месец минатата година.

Така во рамките на најголемиот национален пазар во Светот, во првите 31 ден во новата година се продадени 2,37 милиони автомобили, пренесува Ројтерс. Со ова продолжува двоцифрениот пад на продажбата откако во ноември минатата година беше забележан пад од 13%, а еден месец подоцна и пад од 14%.

Сепак она што охрабрува е продажбата на електрични автомобили. Така во јануари е забележан пораст на продажбата на овој вид на автомобили од 140% па така регистрирани се 95.700 автомобили што ги потврдува прогнозите на автто аналитичарите кои сметаат дека оваа година Кина ќе прерасне во најголем пазар на електрични автомобили и сето тоа на сметка на оние традиционалните со бензински и дизелски мотор.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK