Августовските продажни бројки за продажбата на нови автомобили покажуваат благ пад.
Според официјални податоци за продажбата, во Германија во месец август продадени се 313.748 нови автомобили што е пад за 0.8%, потврдуваат од KBA.
Најголем процентуален пораст на продажбата остварија Smart (+52%), Lexus (+32%) и Ford (+28%), додека најголем пад на продажбата остварија Alfa Romeo (-45%), Nissan (-43%) и Mitsubishi (-30%).
Пад на продажбата имаше и во Велика Британија каде минатиот месец беа продадени 92.573 нови автомобили.
Како победници во август излегоа Porsche со пораст на продажбата од 86%, Volvo со зголемување од 20% и Toyota со зголемување од 16%. Најголем процентуален пад на продажбата во Велика Британија забележа Honda (-28%), Land Rover (-24%) и BMW (-19%).

Следете не и на:

