Продажбата на нови автомобили во Германија падна за 38%

ОБЈАВЕНО НА:

Овој март е еден од најкатастрофалните во поглед на продажбата на нови автомобили во Европа во последните неколку децении. По Шпанија, Италија, Велика Британија, Франција, Германија е следната земја во низа со голем пад на продажбата.

Според официјалните податоци за продажбата на нови автомобили објавени од KBA, во март годинава во Германија се продадени 215.119 нови автомобили што е пад за 38% споредбено со март минатата година.

Пазарен лидер во март и натаму остана Volkswagen чија продажба забележа пад од 35%. На втората позиција и покрај падот од 28% се најде Mercedes додека на третата позиција е BMW со пад од 21%.

Сите брендови присутни на германскиот пазар забележаа пад на продажбата со исклучок на Subaru. Јапонскиот бренд во март оствари продажба од 522 нови возила што е пораст за 1.6% споредбено со март минатата година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK