Премиерата на новиот Land Cruiser закажана за 9 јуни

ОБЈАВЕНО НА:

Во декември минатата година беше најавено дека премиерата на новата генерација на култниот Land Cruiser ќе се случи во април годинава, но истата поради непознати причини беше одложена. Сега, јапонскиот производител и официјало потврди дека светската премиера ќе се случи на 9 јуни.

Нема многу познати технички податоци за овој модел. Се знае дека се темели на TNGA-F платформата и дека ќе биде достапен во две верзии, со 5 и 8 седишта. Ќе биде и поголем од актуелната генерација која датира од 2005 година. Наместо 4,965 мм, должината сега ќе изнесува 4,985 мм.

Од претходно е познато дека овој модел и натаму ќе продолжи да се произведува во Аичи, Јапонија и Сичуан, Кина, а во понудата ќе бидат задржани актуелните бензински, 4,0 литарски, 4,6 литарски, 4,7 литарски и 5,7 литарски V8 мотор.

Инаку овој модел е еден од најстарите во понудата на јапонскиот производител. Првата генерација е претставена уште во 1951 година, а тогаш овој теренец беше произведен за потребите на војната во Кореа.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK