Купувањето возило секогаш значи многу шетање, пресметки, убедувања, тест возења, контроле на опремата и секако споредување на цените. Токму цената во многу случаеви игра голема улога при определбата какво возило да се купи. Секогаш се бара „вредност за парите“.
А на пазарот во моментов постои доста голема понуда на модели од Ц сегменто на СУВ возила. Со цел да им помогнеме на оние што во моментов размислуваат да купат возило од оваа класа, а притоа да имаат можеби и некоја прпеорака, прелдог односно веќе направена споредба.
Заедно со колегите од Autoinfo ви ги претставуваме десетте ценовно најповолни модели кои во моментов се нудат на нашиот пазар.
Кај сите модели, освен основните информации, го истакнуваме и пакетот на опрема, кој во суштина може и да го промени распоредот на нашата листа.
Уште еднаш да потенцираме, говориме за влезните цени на моделите кои со надоградување на опремата или пак на механичката постава, можат видно да бидат зголемени.
Заедничко за сите модели е должината над 4.5 метри и погонот само на предната оска, кој повторно кај сите 10 модели, доаѓа од бензиски агрегати.
При изработка на листата, како единствен извор на информации ги користиевме службените ценовници објавени на сајтовите на нашите овластени продавачи.
Прилогот е работен како пресек на состојбата од 02.04. Поради фактот што листата е изработена само врз основа на почетните цена на моделите, се оградуваме од било какви споредби по изедначување на пакетите на опрема.
Најповолната понуда на SUV возила од Ц-сегментот во Македонија.
1. Hyundai Tucson – 26.300
Претставен пред две години, основниот Tucson доаѓа со турбо бензински мотор од 1.6 литри кој развива 150 КС.
Преносот на предните тркала се одвива преку 6 степенски рачен менувач. Корејските производители никогаш не шкртареле на опрема, а токму тоа е додатна вредност и кај овој модел.
2. Kia Sportage – 26.900
Со идентична механичка поставка – 1,6 T-GD/150 КС/М6 – настапува еден од најпопуларните SUV модели кај нас. Влезниот пакет на опрема First Edition е составен со акцент на безбедноста и удобноста.
Современата естетика заедно со седум годишната гаранција сé адути кои силно влијаат за негов избор. Минималната ценовна разлика со првопласираниот се должи на специфичните пакети на опрема.
3. MG HS – 29.500
Кинескиот адут во оваа класа е претставен во 2019 година, а кај нас е присутен од пред само неколку месеци. Го движи современ мотор со директно вбризгување, 1,5 Т-GDI со 161 КС.
Стартната опција е опремена со рачен менувач и ниво на опрема Standard. Фабричката гаранција од седум години би требало скептиците да ги убеди во високиот квалитет на производот.
4. Citroën C5 Aircross SUV – 29.900 (акциска цена)
Live Pack PureTech 130 S&S BVM6 е полниот назив на свежо редизајнираниот Ситроенов адут во класата. Корпорацискиот 1,2 литарски турбо мотор со три цилиндри испорачува 130 КС.
Истакнатата цена е со акциски попуст од 1.500 евра, што јасно укажува на фактот дека е со ограничено времетраење.
5. Skoda Kodiaq – 33.100
Редизајниран минатата година, Kodiaq со своите 4.697 mm е еден од најдолгите на овој список. За означената сума се добива влезниот модел со пакет на опрема Ambition и бензиски мотор од 150 КС.
Очекувано, просторната понуда, заедно со корпорациската механика се најголеми пазарни адути.
6. Ford Kuga – 33.900 (акциска цена)
Kuga на пазарот е присутна од 2019 година. Акцискиот модел го движи 1,5 T-GDI ecoboost мотор од 150 КС.
Пакетот на опрема Titanium вклучува рачен менувач, погонот е на предната оска, а како главен адут се истакнува проверената механика.
7. Renault Austral – 35.340
Глобално претставен само пред неколку месеци, веќе е пристигнат и на нашиот пазар. Опремен со Mild Hybrid технологија со силина од 140 КС, преку мануелен менувач ги придвижува предните тркала.
Стартната цена важи за пакет на опрема, 1.3 Equilibre. Прв електризиран модел на нашата ценовна листа.
8. Seat Tarraco – 35.354
На работ на повисоката класа, а со 4.735 mm и најдолг од сите конкуренти е Tarraco. Пакетот на опрема Style заедно со корпорацискиот 1.5 TSI мотор од 150 КС ја сочинуваат влезната понуда.
Може да биде опремен и со седум седишта, но така опремен и со збогатена опрема би ги надминал капацитетите на класата. А тоа би значело и скок во повисока ценовна класа.
9. Peugeot 3008 – 35.820
Со неполни 4,5 метри е за неколку милиметри пократкиот од останатите конкуренти, но икслучокот го правиме поради неговите останати параметри.
Во влезниот модел работи трицилиндерски 1,2 PureTech со 130 КС, менувачот е мануелен, а пакетот на опрема е означен како Active Pack. Атрактивниот, стилски дизајн никого не остава рамнодушен.
10. Toyota Corrola Cross – 36.490
Целосно нов модел на Toyota, трет во серијата Cross-изведби. Единствен во класата во кој функционира хибриден систем составен од 1,8 атмосферски бензинец. Системската максимална силина од 140 КС преку CVT менувач се пренесува на предниот пар тркала.
Воедно тоа е моделот со најдолга гаранција од полни 10 години. Иако му недостасуваат 4 cm за да конкурира во класата, сепак карактеристичната технологија е причината пред која не може да се замижи.