Поради недостиг на делови: 10.000 BMW возила останале недовршени во фабриките

ОБЈАВЕНО НА:

Раководството нa BMW најави дека речиси сите фабрики на брендот во Германија се погодени од постојан недостиг на полупроводници. Информацијата која ја објави Reuters, кој според неа во моментов има 10.000 автомобили кои стојат недовршени во фабриките на производителот на автомобили.

Компанијата со база во Минхен порано овој месец најави дека тешкотијата, која ги погодува сите производители на автомобили низ целиот свет, веќе доведе до драстично намалување на производството на автомобили, а проблемот се однесува на сите автомобилски компании.

За потсетување, на почетокот на месецот една оа најпознатите компании за компјутерски компоненти Intel даде своја прогноза за справувањето со кризата на чиповите, која го погоди целиот свет во последните неколку месеци и затвори редица на автомобилски фабрики.

И покрај напорите на компаниите и зголемувањето на производството, од Intеl сметаат дека за справувањето со проблемот и враќањето кон нормалната работа и производство ќе бидат потребни после неколку години, што не дава точна спецификација на концептот „неколку“.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK