Познато е кога Alfa Romeo, Fiat и Lancia преминуваат на струја!

ОБЈАВЕНО НА:

За неколку години моделите на овие три марки повеќе нема да прават врева и да испуштаат штетни гасови. Преминот кон електрикатаќе биде и брз и брутален, 

Stellantis пред неколку дена ги објави рекордните финансиски резултати за 2021 година. Автомобилската групација родена од спојувањето помеѓу FCA и PSA ја искористи можноста да даде преглед на тоа какви ќе бидат овие брендови во годините што доаѓаат, а иднината ќе биде електрична, барем за Alfa Romeo, Fiat и Lancia.

За две години, Stellantis ќе му даде нов поттик на Ypsilon. Ќе се нуди со електрифицирани мотори, но тоа нема да трае долго, бидејќи од 2026 година италијанскиот производител ќе стане 100% електричен. Следната година ќе дојде редот на Alfa Romeo и Fiat да се префрлат на целосно електрични, но сепак Ќе има и некои исклучоци.

Ако Fiat продава само автомобили на батерии во Европа, тоа нема да биде случај во другите региони во светот. Групацијата Stellantis беше многу јасна, Fiat нема да ги запре термалните автомобили во Латинска Америка, на пример, каде италијанскиот производител постигнува многу добри резултати и каде што не може да си дозволи да ги исфрли моторите со внатрешно согорување бидејќи инфраструктурата сè уште не е поставена за електика, и меѓу другото во Бразил е таква ситуацијата.

Преминот кон електриката ќе биде и брз и брутален, бидејќи ако Fiat веќе продава електричен модел (Fiat 500e), ќе работи напорно следната година со нов модел веројатно изведен од концептот Centoventi. Тоа би можело да биде новата Panda, која се очекува да пристигне следната година. По секоја веројатност би требало да се понуди околу 20.000 евра.

Кога марките на групацијата Stellantis ќе станат 100% електрични?
Alfa Romeo – 2027 година
Chrysler – 2028 година
DS – 2024 година
Fiat – 2027 година (Европа)
Lancia – 2026 година

Следете не и на:

24AUTO NETWORK