Познати финалистите на„Европски автомобил на годината“

ОБЈАВЕНО НА:

Жирито за избор на „Европски автомобил на годината„ ги објави имињата на финалистите за 2023 година и најави промени во спроведувањето на натпреварот.

Во изборот беа вклучени 27 автомобили, а жирито составено до 60 члена избра седум финалисти кои ќе се борат за наградата. Тоа се: Jeep Avenger, Kia Niro, Nissan Ariya, Peugeot 408, Renault Austral, Subaru Solterra/Toyota bZ4X и Volkswagen ID.

Организаторите потврдија дека победникот ќе биде прогласен не како што досега беше традиција во Женева во март, туку на 13 јануари за време на салонот во Брисел кој слави 100 години.

Добитник на наградата Европски автомобил на годината за 2022 година беше Kia EV6.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK