Во март годинава францускиот производител Peugeot ја претстави третата генерација од моделот 308. Сега и официјално ги објави и цените кои се однесуваат на францускиот пазар. Цените за овој модел почнуваат од 24.800 евра за модел со основно ниво на опременост односно Active Pack. За оваа цена добивате бензински мотор од 110 КС и шест степен мануелен менувач.
Покрај основното ниво на опременост, во понудата се достапни уште четири други и тоа: Allure, Allure Pack, GT и GT Pack.
Почетната цена за следното ниво на опременост започнува од 28.200 евра за бензински мотор од 130 КС и шест степен мануелен менувач. Најскапата верзија со ова ниво на опременост се продава по цена од 38.600 евра и се однесува на модел со хибриден погон од 180 КС.
Почетната цена на верзијата со Allure Pack ниво на опременост изнесува 29.000 евра, а хибридната верзија со ова ниво на опременост се продава по цена од 39.400 евра. Верзијата со повисоко ниво на опременост односно GT изнесува 33.000 евра, за мотор ос 130 КС и осум степен автоматски менувач. Најскапата верзија е онаа со GT Pack опременост и хибриден погон од 225 КС. Цената на оваа верзија изнесува 44.900 евра.
Повеќе за оваа, трета генерација од најпродаваниот модел на Peugeot можете да прочитате ТУКА.