Позната e цената на новиот Путинмобил

ОБЈАВЕНО НА:

Цените на луксузните возила од проектот „Кортеж“ сè уште не се официјално објавени, а новинарите од сајтот Autonews.ru успеаја да утврдат колку чини седанот Aurus. Тие упатија директно прашање за нарачка кон дилерите на брендовите “Авилон” и “Панавто”, па дојдоа до важни податоци.

Од понудите од двата дистрибутери на Путинмобилот станува јасно дека основната верзија на Aurus Senat S600 ќе чини меѓу 10.000.000 и 12.000.000 милиони рубљи (132.946 -159.536 евра). Лимузината Senat L700 ќе се продава само блиндирана и не можат да се посочат други цени.

Официјалната листа на цени на автомобилите на Aurus ќе биде објавена после саемот во Женева каде што ќе се одржи и европската премиера на брендот. Првите готови автомобили ќе бидат доставени до купувачите во 2020 година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK