Позната е иднината на Ford Fiesta

ОБЈАВЕНО НА:

Гласините дека Ford ќе ја пензионира Fiesta постоеја со месеци, но сега се појави точниот датум кога тоа ќе се случи. Битанските колеги во AutoExpress се повикуваат на нивните извори запознаени со плановите на Американците, кои потврдуваат дека Fiesta навистина ќе замине во пензија.

Ова најверојатно ќе се случи во средината на следната година. Верзијата со две врати на автомобилот прекина со производството на почетокот на оваа година. Од Ford нема коментар, но потврдија дека ќе излезат со официјални информации во наредните месеци за да ги потврдат или демантираат шпекулациите.

Fiesta е на пазарот од средината на 1970-тите и во тие речиси 50 години, автомобилот помина низ седум генерации, освојувајќи голем број награди. Во ова време се продадени над 16 милиони автомобили од сите генерации.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK