Крајната одлука за дефинитивното спојување на групата Fiat Chrysler Automobili (FCA) со групата PSA во заедничката компанија под името Stellantis, официјано треба да биде соопштена на состанокот на акционарите и менаџментот на двете компании кој закажан на 4 јануари следната година.
После соопштување за одлуката на спојување, потребно е надлежната комисија на Европската Унија да утврди дека Stelantis нема да биде монополист на европскиот маркет.
Заедничата компанија чије име в превод значи “Ѕведите да светат”, со проектирано производство од околу 8,7 милиони автомобили годишно, ќе стане по големина на производство четврти најголем производител на светот после Volkswagen, Toyota и групацијата Renault-Nissan-Mitsubushi, а пред General Motors, Ford и другите светски автомобилски компании.
Stellantis, да се потсетиме, покрај останатите ги опфаќа брендовите како спортскиот Abarth, но и како Alfa Romeo, Fiat, Fiat Professional, Crysler, Jeep, Lancia, Rem, Maserati, Peugeot, Citroen, Opel и други