Повторно откажан саемот во Њујорк

ОБЈАВЕНО НА:

Самот во Њујорк никако да го види светлото на денот. Повторно или четврти пат за 18 месеци овој еминентен меѓународен саем за автомобили е одложен. Овој саем требаше да се одржи овој месец, но истиот е одложен поради зголеменото ширење на делта варијантата на Ковид-19 во САД.

Во официјалното соопштение кое го објавија организаторите се вели дека на овој потег биле приморани поради се почестите случаи на заразени со делта сојот, но и поради најавените рестрикции во повеќе американски сојузни држави.

Организаторите веќе го најавија и новиот термин, а тоа е април 2022 година што практично значи дека овој саем ќе се одржи три години по последното одржување, на почетокот на 2019 година.

Претходно неделава беше одложен и регионалниот саем за автомобили во српскиот град Ниш. Саемот кој требаше да се одржи во салата Чаир се одложува поради недоволната поддршка од страна на градот Ниш.

Во меѓувреме одговорете на нашата анкета

[totalpoll id=”67093″]

Следете не и на:

24AUTO NETWORK