Можат ли во иднина, компјутерите и вештачката интелигенција во целост да ги заменат пилотите и потполно независно да управуваат со авионите. Кога се зборува за иднината на транспортот, сè повеќе се зборува за автономијата, при што првенствено се мисли на автономните возила односно на автомобилите, камионите и другите превозни средства со кои ќе управуваат компјутерите.
Автомобилите без возачи веќе поминаа милиони километри. Се тестираат и камиони во кои луѓето воланите им ги препуштат на машините, а Uber тргнува во многу интересен прокет за автономен „ромобил“ и велосипед кој на повик на корисникот по пат на апликација, самиот ќе дојде до нив и кога батеријата ќе биде при крај самиот ќе замине на полнење.
За автономијата сериозно се размислува и во авионската индустрија, па во иднина можеби повеќе воопшто нема да има пилоти во кабината бидејќи на тоа место ќе ги заменат компјутерите и вештачката интелигенција. За автономните авиони веќе на големо се зборува во Airbus, а нивната извршна технолошка директорка Грација Витадини верува дека напредокот во вештачката интелигенција навистина ќе овозможи целосна автономија на авионите.
Како што пренесува Bloomberg, Airbus во моментов е во транзиција кон „операции со само еден пилот“, додека целосната автономија се очекува подоцна. Секако, оваа транзиција нема да биде брза ниту едноставна бидејќи покрај бројните технички проблеми, вештачката интелигенција би требало да биде речиси совршена кога е во прашање полетувањето, слетувањето и управувањето со авионот.
Ова е особено важно во непредвидливи и ретки ситуации. Голем предизвик претствува и проблемот како да се наговори регулаторната комисија да дозволи да ја користат оваа технологија.
Директорите на големите авиокомпании не сакаат да зборуваат на оваа тема. Факт е дека во денешно време кога се зборува за смалување на трошоците, како и од недостатокот на пилоти, нивните компании би имале големи предности од таквата технологија.