Поршеата ќе одат сами на сервис

ОБЈАВЕНО НА:

Стартапот од Берлин, Kopernikus Automotive и Porsche развиваат технологија, која ќе им дозволи на возилата од компанијата да посетуваат самостојно сервис центри и да го направат одржувањето многу побрзо и поефикасно. Двете компании ќе изградат полигон за тестирање во градот Лудвигсбург во Германија каде ќе бидат спроведувани тестирањата на системот.

За потребата од посета на работилницата тие ќе известуваат самите механичари кои ќе користат таблет за повикување на конкретен автомобил. Откако ќе завршат планираните процедури за техничка поддршка, возилото само ќе се движи до паркингот каде сопственикот ќе може да си го земе автомобилот.

„Новата технологија ќе им дозволи на сервисите да работат многу поефективно. Тој како и персоналот нема да губи време за да го земе автомобилот и клиентот и после тоа да му го врати. Тест полигонот ќе биде готов за неколку месеци, а резултатите ќе ги имаме уште следната година“, вели шефот на проектот за автономно управување на Porsche, Александар Хас.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK