Porsche во проблеми – нема доволно работници а има голема побарувачка

ОБЈАВЕНО НА:

Германскиот производител Porsche се наоѓа на слатки маки. Поради зголемената побарувачка за нивните автомобили, компанијата нема доволно капацитет да одговори на истата.

Во првата половина оваа година и покрај коронавирусот, електричните возила на Porsche рушат рекорди, па така само за шест месеци испорачани се преку 4.500 примероци, што е одличен резултат. Интересот за овие автомобили и натаму е голем, па сега Porsche се соочува со недостаток на работна сила.

Поради ова, Volkswagen на ниво на Групација донесе одлука Audi да му отстапи 400 работници со цел да одговори на пазарните потреби. “400 работници од фабриката на Audi се префрлени на работа во фабриката на Porsche во Цуфенхаусен” потврдија од Audi.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK