Porsche Taycan распродаден – се чека по 6 месеци

ОБЈАВЕНО НА:

За разлика од некои производители кои имаат проблеми со продажбата на скапите возила, тоа не е случај со Porsche. Кај германскиот производител токму поскапите и понови модели се продаваат најдобро.

Ако имате најмалку 85.000 евра и сакате да го нарачете дури и основниот модел на Taycan – најновиот електричен модел на Porsche, сепак нема да можете си исполните желабата веднаш. Ќе морате да почекате најмалку 6 месеци. Постои редица на заинтересирани клиенти кои имаат пари, но сепак не може да го добијат моделот.

Според одговорните од Porsche, планот бил да се произведат 20.000 возила годинава, но поради големата побарувачка тој контингент бил распродаден уште за првите шест месеци.

Најголема побарувачка за Taycan доаѓа од Кина каде постои огромен интерес. Се разбира дека за вака долгото време за чекање придонесува и недостатокот на полупроводници што ги засега сите производители.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK