Porsche планира голем кросовер со три реда седишта?

ОБЈАВЕНО НА:

Cayenne нема да биде најголемиот модел во понудата на Porsche. Според пишувањето на некои медиуми, компанијата наводно планира да понуди и голем кросовер со три реда седишта, кој ќе заземе место во врвот на понудата на модели на оваа марка.

Пристигнување на пазарот на најголемиот модел може да се очекува во втората половина на деценијата, прво како plug-in хибрид, а подоцна и во целосно електрична верзија. Треба да биде половина седан, половина кросовер, а неговиот дизајн нема да биде сличен на моделите Macan и Cayenne.

Германските медиуми уште лани пишуваа дека VW Group подготвува нов електричен топ-модел (со кодно име „Landjet“), кој ќе се нуди во верзии под марките Audi, Porsche и Bentley. Како што сега стојат работите, се работи за голем електричен SUV со три реда седишта (за седум патници), со автономија која ќе биде до 650 километри со едно полнење на батеријата.

Верзијата на Audi треба да се појави прво, во 2024 година, додека оние со логото на Porsche и Bentley пристигнуваат нешто подоцна.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK