Porsche на удар – на праг е новиот „бензингејт“

ОБЈАВЕНО НА:

Откако изминатите години на удар се најдоа сите производители во рамките на Volkswagen Групацијата за лажирањето и манипулацијата на издувните гасови на дизелските мотори, сега на праг е нов скандал.

Станува збор за манипулирање на тестовите за издувни гасови на бензинските мотори и тоа на ист принцип како и со дизелските мотори. Прв германски бренд на удар е Porsche кој веќе исплати казна од 535 милиони евра поради Дизелгејт.

Како што објави германската канцеларија за моторни возила KBA, истрагата против Porsche е веќе започната, а главен фокус е фалсификувњето на податоци за емисијата на штетни гасови.

Потврда за оваа истрага дојде и од Porsche, а германскот весник Bild am Sonntag пишува дека истрагата ги опфаќа моторите развиени во периодот од 2008 до 2013 година кои во најголем дел се користат кај моделите Panamera и 911.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK