Porsche крати работни места поради слабата побарувачка за EV

ОБЈАВЕНО НА:

Ниту падот на продажбата во Кина не помага

Не е тајна дека Volkswagen Group во моментов има тешки мигови. Со оглед на тоа што 2024 е зад нас, а пред нас сите видови на несигурности со кои се соочени производители на автомобили во иднина, Porsche, една од најважните брендови на VW, сака да ја намали својата бројност и тоа значително.

Производителот на автомобили, според Reuters, планира да намали 1.900 работни места во следните неколку години на различни локации низ Гермaнија.

Цитирајќи го портпаролот на компанијата, во извештајот на оваа агенција се наведува дека претходниот план за намалување (кратењето на работните места) на Porsche едноставно не бил доволен.

Минатата година, производителот на спортски автомобили не ги продолжи договорите за 1.500 работници на определено време, а на уште 500 им завршуваат.

Новиот план „ќе укине дополнително уште 1.900 работни места во целата компанија во наредните години“, рекол портпаролот.

Поголемовнимание ќе се насочи на примарните објекти на Porsche во и околу Штутгарт. Идеално, компанијата се надева дека ќе ги постигне намалувањата без принудни отпуштања.

Според специјализираното изадни Automotive News Europe, откупните пакети и предвременото пензионирање ќе играат главен фактор.

Porsche исто така ќе биде „штедлив “, кога станува збор за пополнување на нови позиции (нови работни места).

Работниците во големата фабрика во Штутгарт-Цуфенхаузен и нејзиниот истражувачки капацитет во Вајсах ќе го сносат најголемиот дел од намалувањата на работнимте места.

Веста доаѓа не долго по „борбата “-на VW да не ги затвори фабриките во Германија, нешто што не било направено во историјата на компанијата.

На крајот, беше склучен договор да се запалат светлата во сите сегашни фабрики во замена за тоа де нема зголемување на платите на работниците до 2031 година.

Падот на продажбата на ЕV низ цела Европа и жестоката конкуренција што пристига од Кина ги натера неколку производители на автомобили да ги разгледаат односно да ги ревидираат своите цели.

Глобалната продажба на Porsche падна за 3 отсто минатата 2024 година, но продажбата во Кина падна за големи 28 отсто. И, се разбира, во моментов има значителна несигурност на автомобилскиот пазар во однос на царините и трговските војни кои произлегуваат од администрацијата на Трамп.

Накратко речено, никој не знае што се случува во моментов, или што ќе се случи во иднина. Голема неизвесност и несигурност што мора да се преброди и со преземање на непопуларни мерки, какво што е и отпуштањето на работниците.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK