Porsche го освежи Taycan, му додаде нови опции

ОБЈАВЕНО НА:

Во првата половина од 2021 година околу 20.000 возила се испорачани на клиентите.

Од овој месец, Porsche во продажба ги воведува и обновените верзии на Тaycan и Taycan Cross Turismo, кои добиваат неколку нови технолошки решенија, а во тој дел и интеграција на Android Auto, како и нови можности за персонализација на екстериерните бои со услугите Paint to Sample и Paint to Sample Plus.

Новите претставници на Taycan и Taycan Cross Turismo добиваат исто така функционалност за автоматско дистанциско паркирање, која дозволува стартување на процесот преку апликација за мобилен телефон, дури и додека возачот е надвор од возилото.

За новите верзии на електромобилите од Porsche најавуваат дека ќе понудат добра автономија која ќе ја оптимизира вистинската технолошка база без потреба од промени на системот на вентили.

Од Porsche споделуваат и интересна информација за пазарното претставување на Taycan во последните месеци, а велат дека околу 20.000 негови претставници биле доставени на клиенти во првата половина на 2021 година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK