Кога на едно место ќе имате можност да испробате се што постои во понудата на еден производител, онаа актуелна, најнова тогаш најголем проблем е на што да се фокусирате. Porsche ни понуди еднодневно уживање на најдоброто во нивната понуда. Со 12 возила кои имаат околу 6.000 КС заедно и вредат заедно над милион евра изминавме неколку стотина километри, искуство вредно за раскажување.
Ние требаше да внимавате на адреналинот, на притисокот на педалот на гаста, и да се обидете да го испробате целиот потенцијал на моделите, за момент да уживате во луксузот и да запознаете со најновата технологија што се вградува во моделите на Porsche. Колку што ние бевме возбудени од состанокот со дел од тие возила, толку и оние што не пресретнаа на патот додека ги менувавме возилата, плаќавме патарина исто така беа среќни. Со мобилните в рака ја забележуваа долгата колона на спортски возила во различна боја, кои испуштаат спортски звук и пред се изгледаат атрактивно.
Спортски, кабриолети, купе, СУВ… бензинци, хибриди и електрични возила. Тоа е сегашноста и иднината, на едно место. Porsche Road Tour или едноставно Porsche Experiеnce e дел од турата што Porsche ја прави низ сите европски земји, а секако Македонија се наоѓа на мапата на овој производител, а во организација на Порше Македонија.
На турата за возење од Скопје до Гевгелија имавме 12 спортски возила на располагање, да се испробаат, да се почувствува секоја разлика, да се види предноста и да се доживее луксузот и качување на адреналинот. Се разбира македонските патишта не дозволуваат да се испробаат лимитите на возилата, иако во добар дел тоа е дозволено и возможно. Нормално, нема прекршување на сообраќајните правила, а за дополнително запознавање тука беа и сертифицираните инструктори на Porsche кои даваат сите потребни информации.
Porsche Experience 2021
А што возевме: Супер-спортските 911 Turbo S, 911 4S, Cayman S, Boxter S, Macan Turbo, целосно електричните Taycan Turbo S и Taycan 4S, хибридите Panamera 4S E-hybrid, Panamera Turbo S E-hybrid, и големите спортски SUV – Cayenne Coupѐ GTS, Cayenne Coupѐ Turbo и Cayenne GTS.
View this post on Instagram
Во период од 4 дена, гостите на Porsche Roar имаа исклучителна можност да ги почувствуваат вистинските перформанси на сите модели од понудата на Porsche. Супер ѕвезди на Porsche Road Tour 2021 беа новите целосно електрични модели на Porsche Taycan, во варијантите 4S и Turbo S, кои ги импресионираа возачите со електричните перформанси, начинот на возење и досег на батеријата.
До новото дружење, имаме многу спомени за споделување.