Што можете да направите за две секунди? Да кажете “Здраво”, да мавнете некому, да свирнете и веројатно само уште нешто.
За разлика од вас, Porsche 911 Turbo S за две секунди поточно 1,87 секунди може да забрза до 100 км/ч.
Станува збор за тјунирана 911-ка Turbo S, дело од страна на EKanoo Racing клубот од Бахреин. Истиот овој автомобил до 209 км/ч забрзува за само 5,31 секунда што е навистина импресивен перформанс.
Ако не верувате, слободно погледнете го видеото во продолжение.