Специјализираните сајтови за финансии пренесуваат дека акциите на Tesla на берзата во Њујорк се зголемиле за 8% што е големо зголемување. Со тоа една акција се тргува за 714 американски долари.
Постојат повеќе причини за тоа. Најпрво се појавија информациите според кои Tesla е најпродаван бренд на електрични автомобили во САД, а потоа и во поглед на продажбата која во првиот квартал годинава изнесува 184.800 автомобили ширум светот.
Покрај ова, влијание има и одличната продажба на новиот модел Y во Кина како и тоа што во фабриката се работи под полна пареа, во сите три смени.
Дополнително влијание врз пораста на цената на акциите има и веста која доаѓа од Кина, а според која Volkswagen ќе купува т.н. “зелени кредити” од Tesla со цел да ги исполни нормите за издувни гасови. Тоа практично значи дека Tesla ќе прави огромен профит од ништо.