Актуелната, четврта генерација од моделот Jimny, Suzuki го воведе во 2018 година. Благодарение на дизајнот, но и цената, овој модел набрзо станува вистински бестселер на јапонскиот производител.
Една од најголемите маани на овој автомобил, според неговите сопственици е димензијата. Должината изнесува само 3,5 метри додека пак меѓуоскиното растојание 2,2 метри.
Suzuki ги зема позитивните критики поврзани со овој модел, па така официјално потврди дека овој модел од следната година е се продава и во верзија со поголеми димензии. Се работи за Jimny Long верзија кај кого меѓуоскиното растојание се зголемува за 300 мм, а се зголемува и вкупната должина. Тоа овозможува дополнителни задни врати, но и повеќе пространост за патниците и во багажниот простор.
Во продажба доаѓа во текот на следнат година, а оваа верзија ќе биде за околу 3.000 евра поскапа од основната.