Порасна заработката на Stellantis на 16,8 милијарди евра

ОБЈАВЕНО НА:

Меѓународната корпорација за автомобилска индустрија Stellantis го објави својот годишен резултат од работењето: заработката се зголеми во 2022 година во споредба со една година претходно и продорот на заедничкото вложување во секторот на електрични возила доведе до скок во продажбата, иако конкуренцијата е силна.

Stellantis формиран во 2021 година со спојување на FIAT-Chrysler и францускиот PSA Peugeot (Peugeot, Citroen, FIAT, Opel, Dodge, Jeep, Lancia, Maserati, Alfa Romeo, Chrysler), објави дека нето приходот од 179,6 милијарди евра е поголем за 18 отсто во однос на 2021 година, а како причина се наведуваат високите цени и неговата комбинација на различни видови возила.

Компанијата вели дека нејзината нето добивка е 16,8 милијарди евра, што е за 26 отсто повеќе отколку во 2021 година, објави агенцијата АП.

Stellantis планира целата продажба во Европа и половина од продажбата во САД да биде електрични возила со батерии до 2030 година. Компанијата наведува дека оваа стратегија доведе до зголемување на продажбата на електрични возила со батерии за 41 отсто во 2022 година во однос на претходната година, односно 288.000 возила.

Kомпанија планира да донесе 25 модели на електрични возила во САД до 2030 година. Како дел од тие напори, се вели дека ќе изгради две фабрики за батерии за електрични возила во Северна Америка.

Компанијата вели дека 40.500 синдикални американски фабрички работници ќе добијат чекови од околу 14.760 американски долари на 10 март.

Заедничко вложување со Samsung во вредност од 2,5 милијарди долари ќе донесе една од фабриките за батерии во Индијана, која се очекува да вработи до 1.400 работници. Втората фабрика ќе биде во Виндзор, Онтарио, во соработка со јужнокорејската „LG Energy Solution“ со 2.500 вработувања.

Напорот за електрични возила доаѓа во време на забавување на продажбата на автомобили во САД поради недостиг на компјутерски чипови и проблеми со набавка на други делови низ целиот свет.

Агенцијата АФП наведува дека продажбата во Stellantis минатата година паднала за 13 отсто. Stellantis забележа остар пад на продажбата на најголемиот пазар, Европа, на 2,6 милиони единици (минус осум проценти). Овој пад се одрази на повеќето нејзини марки, при што продажбата на Peugeot 308, FIAT Panda и Citroen C5X не успеаја да се справат со проблемот со снабдувањето со делови.

Таа компанија годинава најави и откуп на акции во вредност до 1,5 милијарди евра, како и дивиденда од 4,2 милијарди евра, во износ од 1,34 евра по акција.

Оваа година, групацијата очекува благо закрепнување на пазарот на автомобили од плус пет проценти во Европа и Северна Америка.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK