Поради коронавирусот: Toyota го запира производството до 17 февруари

ОБЈАВЕНО НА:

Toyota и натаму е во прекин со производството во своите кинески фабрики. Последните информации говорат дека производството нема да се рестартира порано од 17 февруари, пренесува Ројтерс.

Јапонскиот производител во Кина оперира со фабрики за 12 модели како и компоненти вклучувајќи ги тука заедничките вложувања со кинеските FAW Group и GAC Motor.

“Неделата од 10-ти февруари ќе биде во прекин производството, а нормалните операции ќе започнат од 17 феврури” стои во соопштението на Toyota. Портпаролот на оваа компанија за CNN изјави дека дефинитивно рестартот на производството ќе започне од 17 февруари.

Причината за овој застој на производството на Toyota, но и останатите производители на автомобили доаѓа по епидемијата на коронавирусот од кој заболеа над 40 илјади лица и засега 908 ја загубија битката со овој вирус.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK