Половните автомобили се нов хит во Кина

ОБЈАВЕНО НА:

Покрај продажбата на нови автомобили која постојано се зголемува, во Кина има уште еден тренд – масовно купување на половни автомобили. Овој феномен иако е во сенка на масовното купување на нови автомобили односно електрифицирани автомобили, сепак станува се поприсутен.

Иако во САД, како и во други европски земји, продажбата на половни автомобили е поголема од продажбата на нови автомобили, во изминатите години во Кина ситуацијата беше обратна – продажбата на нови автомобили беше далеку поголема од продажбата на половни автомобили. Со бројки, во САД минатата година беа продадени 39 милиони половни автомобили наспроти 17те милиони нови автомобили.

Image result for china used car

Ситуацијата во Кина минатата година беше обратна, соодносот на продажбата на нови наспроти половни автомобили беше 3:1 во корист на новите автомобили. Доколку се вратиме уште неколку години претходно, продажбата на половните автомобили е сосема незначителна. Но зошто е тоа така?

Кинеските власти изминатите години со цел да го поттикнат домашното производство на нови автомобили, забрануваа купување на половни автомобили, а големо влијание врз оваа ситуација имаше и неквалитетот на кинеските автомобили. Така еднаш купените автомобили од домашните производители буквално не беа во состојба да најдат повторна употреба и нивниот квалитет драстично се намалуваше за само 3-4 години по производството.

Related image

Сепак последните две години состојбата околу половните автомобили драстично се измени. Зголемениот квалитет на домашно произведените автомобили, воведувањето на т.н. сертифицирани половни автомобили, особено од страна на General Motors, потрагата по луксузни автомобили за малку пари и слично, влијаеше врз драстично зголемување на продажбата на половни автомобили.

Тоа може да се погледне и во фактот што минатата година продажбата на половни автомобили, процентуално, се зголеми за 19.3% во однос на продажбата на нови автомобили која се зголеми за само 3.2%. Зголемување се бележи и на продажбата на половни автомобили преку интернет. Според официјалните информации, минатата година кинезите онлајн купиле речиси 1.3 милиони половни автомобили со што се убедливо на врвот во глобални рамки.

Според критичарите, до 2020 година во Кина, на годишно ниво ќе се продаваат неверојатни 20 милиони половни автомобили, со што ќе прерасне и најголем пазар за половни автомобили, покрај за нови каде сега се наоѓа на врвот на листата пред САД и Европска Унија.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK