Половина од продажбата во Porsche отпаѓа на СУВ моделите

ОБЈАВЕНО НА:

Porsche објави дека продажбата на брендот во првите девет месеци од годината достигна ниво од 221.512 единици, што претставува подобрување од 2% во однос на истиот период во 2021 година.

Производите на Porsche уживаа зголемен интерес во Европа – + 11% до 42.204 единици, при што 20.850 единици (+ 9%) се купени само во Германија. Во Северна Америка, легендарниот бренд забележа пад на продажбата од 4% до 56.357 единици, а во Кина падот беше 1% на 68.766 единици.

Најпродаваниот нов автомобил на Porsche за периодот јануари-септември 2022 година беше теренецот Cayenne, кој генерираше импресивни 66.769 единици од вкупната продажба на марката. На второ место, со 59.604 примероци, доаѓа уште еден SUV – Macan.

Семејството 911 забележа речиси двојно повеќе продажби – 30.611 единици, иако овде компанијата пријави раст на побарувачката од 9%. Panamera придонесе со 25.452 единици, 100% електричниот Taycan 25.073 (-12%), а 718 Boxster и 718 Cayman со дополнителни 14.003 единици.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK